ВМРО-ДПМНЕ: Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава


Заев: Гоце Делчев е обединувачки симбол на македонската независност - МИА

Почитувани,


 

Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава.

Денешниот протест кој ќе започне пред министерството за правда па се до МНР е собир на кој ќе изразиме поддршка за членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев кој е нашето постоење и нашиот идентитет.

Предочуваме за сознанија за уфрлање на поединци кои се инструирани од власта, кои ќе имаат за цел да го дискредитираат протестот со елементи на говор на омраза и изразување на ставови кои не се дел на партијата, за да подоцна се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ.

Однапред се оградуваме од таквите инструирани сценарија кои само им одат во прилог на структурите на власта кои ја држат државата заробена и не посакуваат напредок. Токму затоа на однапред видно одбележано место пред Министерството за правда ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот чија јасна цел ја кажуваме денес.

Ве повикуваме сите во 18:30 часот.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ