Вистинскиот монструм во „Монструм“ е Зоран Заев


Вистинскиот монструм во случајот „Монструм“ е Заев, брутален лажго и крвопиец на туѓата несреќа.



Заев лажеше за случајот само за да ги задоволи своите политички амбиции и политички потреби.

Тој си играше со  чувствата на фамилиите на загинатите во Смилковско, но и со чувствата на сите граѓани. Цела јавност се сеќава на неговите лажни изјави дека „невини луѓе лежат во затвор за Смилковско“, како и инсинуациите дека поседува докази за овој случај.

Монструозното лажење исто како за Никола Младенов, Мартин Нешковски и за Смилковско е доказ дека Заев бескрупулозно злоупотребува трагедии само за партиски цели.

Бедно и грозно политичкиот монструм Заев ја искористи болката и трагедијата на семејствата на настраданите само за да дојде на власт.

Заев каде ќе ти оди душата, што манипулираше за да шириш омраза и намерно пласираше лажни вести за политички бенефит?

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ