(ВИДЕО) Мицкоски: Четвртиот пакет на мерки е сламка за спас на мафијата на Заев во услови кога економијата ќе продолжи да пропаѓа


Почитувани,



Четвртиот пакет на мерки на мафијата во владата е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа.

Четвртиот пакет практично не само што е задоцнет, не само што нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба која што е во државата.

Кога веќе се прави четврт пакет на мерки треба да се види искуството од претходните три. А, тоа е поразително и се вика нови дополнителни најмалку 40 илјади невработени за 5 месеци и минус речиси 13% намалување на бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Токму затоа и 4-тиот пакет на мерки е промашен обид да се дефукусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен.

Досегашните три пакети на мерки беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат негативните ефекти од кризата, и нивната единствена цел беше предизборен институционален поткуп. Потврда за тоа е фактот што покрај  платежните картички кои служеа за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од мерките за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани, затоа малку подоцна во вториот дел од оваа прес конференција.

Резултатите од таквите погрешни политики се историски пад на индустриското производство и извозот, пад на економската активност во вториот квартал со индиции тој негативен тренд да продолжи до крајот на годината, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал, а тоа е вториот квартал, раст на невработеноста од 40.000 лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата. И наместо владата енергично уште на првата владина седница да креира сет на мерки кои ќе значат вистинска поддршка за спас на економијата, гледаме продолжување на популизмот со неодговорно трошење на народните пари и немилосрдно задолжување на државата. Се потроши цел месец во кој илјадници граѓани дополнително се отпуштени од работа и многу бизниси ставија клуч на врата.

Наместо владата да се зафати со реализација на капиталните проекти, тоа што ние го зборуваме од самиот почеток, робусна реализација на капитални проекти кои ќе значат додадена вредност за економијата и подобри услови за живот на граѓаните, сведоци сме на историски најниска реализација на капиталните проекти. Имено, во услови кога владата во првите осум месеци од годината потроши речиси 120 милијарди денари пари на граѓаните и 35 милијарди денари од задолжувања, реализирани се капитални инвестиции во износ од скромни нешто повеќе од 7.7 милијарди денари. Ова сериозно ја поткопа одржливоста на економијата. Земјата е на историски највисоко ниво на задолженост без фискален простор за поттикнување на идниот економски развој. Колку и да звучи песимистички, македонската економија со оваа влада која нема капацитет и системски пристап за справување со кризата, ниту економска стратегија за иднината, ја очекуваат вистински црни денови.

Во продолжение ќе ми дозволите да дадам краток коментар на дел од бомбастично најавуваните т.н. мерки за помош на граѓаните и македонската економија.

Ќе започнам со две мерки кои што беа дел од третиот пакет антикризни мерки кои што бомбастично беше најавуван од тогаш владата на Спасовски и Заев. И тоа најпрвин првата, а тоа е 150 милиони евра државна гаранција за компаниите кои што ќе земат практично кредит од комерцијалните банки. Оваа мерка требаше да се реализира во периодот септември месец. Септември месец еве полека но сигурно завршува, а од мерката ниту трага и глас.

Втората мерка која што исто така беше дел од третиот пакет сет мерки за помош за македонските граѓани и македонската економија, тоа околу 31 милион евра евтини кредити со субвенционирана каматна стапка од страна на Владата и 30% грант за компании управувани од жени кои вработуваат млади луѓе извозно ориентирани, исто така требаше да се реализира почнувајќи од месец септември, но месец септември повторно завршува од мерката ни трага ни глас. Брутална лага и брутална предизборна манипулација за реализирање на талибански избори.

Понатаму третата мерка со која Зоран Заев ја заврши неговата би рекол прес конференција во Владата, а тоа е викенд без ДДВ, пред изборите ни беше бомбастично најавувано дека во септември месец секој викенд  граѓаните ќе го користат купувајќи, а при тоа ќе биде одземена сумата која  што ќе ја платат како данок на додадена вредност. Септември месец помина, а денеска гледаме како на лажичка повторно на граѓаните им се ветува дека тоа всушност нема да бидат четири викенди, туку тоа ќе биде еден викенд и тоа во месец октомври, оној празничен викенд помеѓу 10 и 12-ти октомври и нема тоа да биде без ограничувања како што тоа беше ветувано во предизборието, туку тоа ќе биде со ограничување од 30.000 денари и нема да биде намалена цената која што ќе платат, туку тие ќе го финасираат данокот на додадена вредност, потоа тие ќе ја скенираат фискалната сметка и доколку сумата не надминува 30.000 денари тогаш ќе чекаат од страна на министерството за финансии да им го врати данокот на додадена вредност. Уште една брутална лага, којашто беше дел од спроведените талибански предвремени парламентарни избори.

Понатаму би сакал да се осврнам на првата мерка која што е за поддршка за стопанството, во отсуство на една ваква мерка која што ја предлагавме во предизборната кампања и во нашата Преодна стратегија за третиот квартал, во четвртиот квартал Владата одлучува да им помогне на компаниите коишто и онака тешко опстојуваат со бруто плата за вработените. Ќе ве потсетам една иста ваква мерка за време на владина седница на во техничката влада, на крајот од месец март која што практично беше поврзана со процентот на намалување на економската активност на компаниите, предлагаше тогашниот технички министер за внатрешни работи господинот Наќе Чулев, која што брутално беше одбиена од страна на техничкиот Претседател на Владата, Оливер Спасовски и луѓето кои тогаш беа дел од таа техничка влада.

Понатаму ќе ги споменам оние картички кои што се исклучително квалитетен метод и принцип на институционален поткуп кои што досега функционираше кај Зоран Заев иако тие имаа други три цели, ниту една од тие три цели не беше исполнета, беше исполнета само една цел која не е предвидена во овие прес конференции, а тоа институционален поткуп на граѓаните, сега тие картички се намалени од 9.000 денари на 6.000 денари, со главен акцент и фокус на луѓето кои земаат пензија, а таа пензија е под 15.000 денари. Ќе ве потсетам дека во минатото брутално со интервенција во законот им беше намалена пензијата на стотици илјади пензионери, денеска обидувајќи се да се прикаже како милосрден, Зоран Заев се обидува сето она кое многукратно повеќе им го зема во минатото преку картички од 6.000 денари на одредена група на пензионери да им го надомести. Пензионерите знаат точно колку во минатото им беше украдено од страна на Зоран Заев и Владата која тој ја предводеше и ваквиот мафијашки начин на однесување ќе биде брутално казнет од страна на тие исти луѓе.

Понатаму, би сакал да се осврнам на еден загрижувачки момент, а тоа е дека оваа Влада на Зоран Заев културните работници како што таа самата вели ги направи социјални случаи, па ги стави го групата на социјално ранливи категории и со срамни 6.000 денари еднократна помош се обидува да го надомести сето она кое што се случуваше во изминатиов период, пред се мислам на неисплатените плати во културата за културните работници кои што доцнат повеќе од два месеци. Брутален срам кој што им денеска им е нанесен на културните работници и веднаш после оваа денешна прес конференција и оваа срамна мерка, министерката за култура треба да поднесе неотповиклива оставка, бидејќи нејзините колеги културните работници таа самата како соучесник во мафијашкото однесување на Зоран Заев, ги стави во групата на социјално ранлива категорија и ги направи социјални случаи.

Понатаму би сакал да се осврнам на делот на таканаречена помош за рестораните, ноќните, клубови дискотеките, игротеките итн. Поради неспособноста на владата да се справи навремено и целосно со КОВИД кризата, работењето на овие објекти беше практично невозможно и сите тие ставија клуч на врата во изминатиов период со исклучок на неколку такви објекти кои се блиски до фамилијата. Е сега, владата се обидува преку мерка  која што не само што нема да им помогне, туку дополнително ќе го загорчи нивното работење, да биде милосрдна и да се престави дека им помага на истите овие луѓе со сума која што е еднаква на еден викенд промет, а притоа им забрани да работат повеќе од неколку месеци да остваруваат приход и притоа го доведе под знак прашалник опстојувањето на тие бизниси и вработените кои што се дел од тие бизниси. Срамна мерка и навистина нешто што ниту тие, па ниту кој било кој во оваа држава тоа го очекуваше.

Би можел уште многу да зборувам но тука ќе завршам и би сакал сосема на крај да поентирам со следново:

Имено, мерки се носат за да се справиме со КОВИД пандемијата, од крајот на мај кога онаа политичка комисија која треба да биде здравствена комисија во Министерството за здравство заедно со надлежните прогласи победа, а до ден денеска имаме наши сограѓани кои поради неспособноста на Владата пред време го завршија својот живот поради КОВИД болеста која што ги совлада. Илјадници наши граѓани се за жал жртви и беа болни или се се уште болни и инфицирани од КОВИД вирусот. Мерки се носат за да се справиме навремено и да ги превенираме последиците од оваа КОВИД криза.

Мерки се носат за да се помогне на економијата, за да можат да се спасат што е можно повеќе работни места и да се намали колку што е можно повеќе оној пад кој што секако се случува во нашата држава, во Македонија, но, фактот е следен. Денеска броиме троцифрена бројка на луѓе кои што се инфицираат на дневно ниво. Броиме повеќе од десет или околу десет луѓе кои што на дневно ниво го губат животот поради КОВИД вирусот. Броиме илјадници луѓе месечно кои што остануваат без работа и броиме и броиме десетици бизниси кои што ставаат клуч на врата поради неможноста  да опстојат.

И конечно, според Стефани Ебле која што е резидентен претставник на ММФ и одговорна за Западен Балкан, се ревидира падот на македонската економија во негативна смисла за 2020 година од 4% на 5,5% што е уште еден доказ дека мерките кои што се донесени, ниту биле соодветни ниту пак помогнале во справување со кризата и здравствена но и економска, туку единствено имаа за цел институционален поткуп за спроведување на талибански избори. Ако сакаме да видиме какви мерки се носат кои што ќе го намалат падот на економијата тоа можете да го видите со германската економија каде што истиот овој меѓународен монетарен фонд предвидуваше пад од 6.7% за 2020-тата година, но поради успешните мерки тој пад е намален и сега е околу 5%, 5.2%. Тоа се мерки кои што значат успех. А, овие мерки кои што денеска ги слушнавме од мафијата во владата се мерки за спас и мерки кои што нема да донесат ништо добро, ниту за македонските граѓани, ниту за македонската економија, туку дополнително ќе ја продлабочат кризата.

И сосема на крај, парите за овие мерки, за да имаме побогата мафија, а посиромашни граѓани, мафијата ги нема, туку дополнително треба да се позајми од извори дома и од извори надвор, за да може да врши институционален поткуп. А, со тоа ќе се зголеми државниот и јавниот долг, со тоа ќе се зголеми дефицитот на буџетот, а тоа на крајот на денот ќе го платат сите граѓани солидарно без исклучок и на вера, нација и на социјална положба.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*