Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на социјалните мрежи го потврди своето вечерашно гостување на Канал 5 ТВ во емисијата Само Интервју почнувајќи од 18:30.
,,Ќе разговараме за тоа како ги трошат и крадат народните пари, како неспособноста и корупцијата на СДСМ и ДУИ ја чини Македонија милиони евра. Следете! ” напиша Николоски.