Трипуновски: Млекото не може да биде тестирано за бруцелоза, АХВ не склучила договор со лабораторијата на Ветеринарен факултет

TRIPUNOVSKI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неспособноста на Агенцијата за храна и ветеринарство и „вечниот“ В.Д. директор Николче Бабовски продолжува во континуитет. Повторно и повторно ја демонстрираат својата некадарност во организирање на навремени јавни набавки.

Резултат е закочената активност во спроведувањето на редовните мерки согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните од страна на ветеринарните друштва. Во ек на најголемите активности, Факултетот за ветеринарна медицина Скопје ги известува надлежните ветеринарни друштва дека не се во состојба да ги примаат доставените мостри поради немање на активен договор за јавна набавка со Агенцијата за храна и ветеринарство.


Што значи сето тоа во „превод“: стадата овци, кози, говеда ќе останат без лабораториски испитувања на заразната болест бруцелоза, млекото кое ќе оди во млекарите ќе оди од стада со непознат здравствен статус што самото по себе ќе значи загрозување на јавното здравје, односно изложување на опасност на здравјето на потрошувачите.

Апелираме, не си играјте со здравјето на народот, здравјето нема цена !!!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK