Стоилковски: СДСМ и ДУИ бегаат од носење на Декларација за заштитата на македонските идентитетски одредници, културата и јазикот


Новинарско прашање: Да ве прашам за заклучоците на комисијата за надворешна политика; Милошоски даде одредени заклучоци за усвојување на Декларација од Собранието, дали имате таква иницијатива доставено и дали за тоа има поддршка и од другите партии?


 

Одговор: Веќе е познато дека не се донесени заклучоци од Комисијата за надворешна политика во Собранието, затоа што беше прекината таа седница на комисијата со тоа што пратениците на владејачкиот режим предвреме ја напуштија седницата на комисијата, односно пратениците на СДСМ и ДУИ ја напуштија пред да може да се обезбеди кворум за да може да се донесе одлука и да има гласање.

Развојот на настаните и она што го читаме од странски медиуми,  даваат можеби објаснување за однесувањето за време на собраниската Комисија за надворешна политика. Точно така,  во предлог- заклучоците кои требаше да бидат гласани стои, парафразирам, дека Собранието треба да усвои Декларација дека право на секоја држава е заштитата на идентитетските одредници, културата, јазикот и дека за нив државата не треба да преговара.