Стоилковски: ЈО за организиран криминал да расчисти дали директор на БЈБ Сашо Тасевски влијаел во случај кога се тепани припадници на ЕБР

stoilkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Син на висок полициски функционер, но и лично функционерот, според медиумите можно е да се вмешани во напад врз полиција, но и можно е да влијаеле врз менување на факти во записите!

Пред неколку дена, поточно на 3 јуни, пред една скопска дискотека, екипа на ЕБР, извршувајќи задача, фатиле група младинци во раните 20-ти години како се подготвуваат да конзумираат бела прашкаста материја, за која што подоцна, според медиумите е утврдено дека е кокаин!


Притоа, на повиците од полицијата младинците дрско одбивале да престанат со тоа што го прават и доаѓа до физички напад од групата кон полицаец, со тоа што, како што се наведува, еден од нив го фаќа полицаецот за врат, а други удираат со тупаници и тоа е документирано!

Групата е однесена во полициска станица Карпош во 1 часот 45 минути! И тогаш, се наведува, се заведени приведените четворица, со име и со презиме!

Но кривично правниот настан, нападот е заведен дури во 6 часот и 30 минути сабајлето! И во него се споменуваат само три лица!

Почитувани, водени од многу големи индиции прашуваме:

· Дали при контролата и потоа за време на нападот бил присутен и синот на директорот на БЈБ Сашо Тасевски? Дали и тој во најмала рака недолично се однесувал кон полицијата?

· Дали веднаш тука се нашол како присутен лично и директорот на БЈБ Сашо Тасевски?

· Дали во периодот од 1 часот и 45 минути па се до 6 часот утрото на 3 јуни, синот и таткото, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и синот, правеле притисок врз полицијата и полициската станица Карпош, прво, да не биде запишан синот, а потоа и да се менува записникот од листата на приведените, учесниците во нападот врз полицијата?

Почитувани,

Зошто дури 5 часа од времето на лишување од слобода и носење во полициската станица Карпош оставајќи доволно простор за сомневање се прави новиот извештај и се остава простор да се мисли дека се злоупотребени полициските овластувања?

Затоа бараме да постапи Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да има постапка, да се изврши распит и проверка на фактите на полициските службеници, да се потврдат или да се отфрлат индициите за злоупотреба на полициски овластувања од страна на директорот на БЈБ Сашо Тасевски.

Почитувани,

Ова не е прв пат името на Сашо Тасевски да е дел од скандали, и тоа да е поврзано со наркотици, пукање од недозволени автоматски оружја или пак дивеење и самоволие, а сега и со напад врз припадници од ЕБР!

Со ликови како Сашо Тасевски, чија заслуга е чисто партиска, МВР станува само испостава на мафијата!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK