Силјановска Давкова: Имаме хиперпродукција на закони, правен илузионизам владее во оваа земја со оваа власт


На вечерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина Карпош се обрати пратеничката Гордана Силјановска Давкова која што истакна дека имаме хиперпродукција на закони а правен илузионизам владее во оваа земја со оваа власт.


 

„Ако немаме силни институции тогаш нема да имаме ни добри закони.Ние немаме институции, а не добри институции. Правен илузионизам владее во оваа земја, со оваа власт. Во моментов имаме речиси 5890 закони замислете, донесени за 30 години. Луѓето мислат дека произведувајќи регулатива прописи, норми, дека ќе ги решат проблемите. Нашите закони не решаваат општи прашања, општи проблеми, туку лични и колективни. Затоа тие се хартија, затоа не се носат во редовна процедура, најчесто се носат во скратена постапка, за да се избегне дебатата, за да се избегне инклузивниот модел и се разбира го распрталија европското знаме“ нагласи Силјановска Давкова

Силјановска Давкова посочи дека понекогаш ја зачудува молкот на европските институции во Македонија.