Шарените лаги и неспособноста на Заев и Филипче, народот ја плаќа со своите животи- Македонија е последна во регионот во која ќе се врши имунизација


Зоран Заев и Венко Филипче ја излажаа јавноста дека Македонија ќе добие вакцини од Бугарија и Грција. И Бугарија и Грција почнаа со вакцинација, ама во државата нема ниту една вакцина за корона вирусот. Дополнително и земји кои не се дел од ЕУ, како Албанија и Србија набавија вакцини и почнаа со имунизација на населението.



Македонија остана последна земја во регионот во која не е почната имунизацијата поради неспособноста на Заев и Филипче. Тоа е факт исто како што е факт дека Македонија е 5-та земја во светот по смртност во епидемијата.

Шарените лаги и неспособноста на СДСМ народот ги плаќа со своето здравје и своите животи.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ