СДСМ без срам сега им нуди септемвриско покачување помалку од колективниот договор


ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

СДСМ им се закануваше и ги уценуваше просветните работници кои го користеше уставно загарантираното право на штрајк.


 

 

СДСМ користеше манипулации и деградирања.

 

СДСМ ги дискриминираше вработените во детските градинки и им ги скрати априлските плати.

 

СДСМ ги погази обврските од колективниот договор и сега на крајот се фали со некаков дијалог.

 

Ај што се неспособни, па уште и се бесрамни.

 

Сега нудат повисоки плати дури од септември за 15%, иако според колективниот договор тие треба да пораснат за 18%.

 

Платите на просветните работници сега не се доволни да ги покријат поскапувањата, а како што тргнало до септември покачувањето ќе биде доволно за едно влегување во маркет.