Сајкоски од Охрид: Историјата не може да биде прашање за кое што ќе се договараат двајца лидери на две држави, историјата не се решава со два потписи


Почитувани,



Денеска ВМРО-ДПМНЕ покрај Охрид протестира во уште шест града во Република Македонија.

Сакаме да порачаме до Заев и актуелната власт дека борбата, жртвите, идентитетот и континуитетот на постоење на македонскиот народ  не можат да бидат предмет на разговори и договори.

Остро се спротивставуваме на договорот со Бугарија и укажуваме дека веднаш треба да се прекине.

Суверинитетот на една држава се добива со признавање на другите држави. Ние сме признаена држава, меѓудругите и од Република Бугарија. Ама со добивањето на суверенитетот се добива и внатрешното уредување како да си го направи државата. Ние самите можеме да одлучиме за јазикот, може да одлучиме за историјата, за какви учебници во образование ќе имаме.

Исто така сакам да порачам дека историјата не може да биде прашање за кое што ќе се договараат двајца лидери на две држави. Историјата не се решава со два потписи.