РЕК Битола работи со минимален капацитет и нема јаглен, ова е најлошата година за РЕК


Вчерашниот ден раководството на АД ЕСМ го помина во релаксирана и забавна атмосфера во РЕК Битола, иако состојбата во Комбинатот беше повеќе од аларманта. Депонијата за јаглен беше скоро празна со резерви од само 6000 тони, работеа два Блока под технички минимум. Денес, 15 јануари после фрлената коцка во работните простории состојбата е уште полоша. Депонијата за јаглен има само 3000 тони, исклучен е Блок 2, а Блок 3 работи под технички минимум, надвор од сите технички стандарди со моќност од околу 125 MW. Но, со исклучувањето на Блок 2 во РЕК Битола не е решен проблемот, со оглед на состојбата која што е актуелна во АД ЕСМ последните 4 години. Намалено основно производство, лошо одржување,  не се знае до кога ќе работи и Блок 3, поради немање доволни количини на јаглен. Иако, според плановите сега требаше трите Блока во РЕК Битола да бидат вклучени на мрежа, сега работи само „половина”. Ова во историјата на РЕК Битола се нема случено и доколку СДС си замине од власт нема да се случи.



Но, според фотографијата која што на социјалните мрежи ја сподели генералниот директор на АД ЕСМ, раководството не изгледа загрижено за колапсот на електроенергетскиот систем, за што тие се директно одговорни.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, како директор на Акционерско Друштво во целосна сопственост на државата треба да одговори јавно, што правеа на 14 јануари 2021 година:  дали се коцкаа, пушеа цигари и пиеја алкохол за време на  работното време во работни простории. Ги повикуваме релевантите институции во државата да го испитаат случајот и да преземат мерки согласно законите. Дали некој од фотографијата за време на работното време сам или со своите колеги игра игри (коцкање, карти, табла и сл.), или со своето однесување креира лоша репутација на работодавачот, во случајот Акционерско Друштво во целосна сопственост на државата.

Наместо, најавениот квантен скок како во Економијата, така во Енергетиката во 2021 година, имаме енергетски понор во производството. Најверојатно раководството на АД ЕСМ во РЕК Битола „фрли”малерозна коцка  за Енергетиката.

ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција во Македонија во интерес на спасување на Енергетскиот сектор и во интерес на сите граѓани  бара оставка на комплетното раководство на АД ЕСМ и покренување на одговорност за нестручно и несовесно работење.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ