Попов: Шилегов потроши 420.000 евра за телефонска централа која не е инсталирана во Градската куќа и никој не знае каде е



ript>

Почитувани,


 

Петре Шилегов потрошил 420.000 евра за набавка на мрежна инфраструктура и ИП телефонија за потребите на Градската куќа на ул. Лазар Личеноски бб, која истиот ја продаде.

Оваа телефонска централа за објектот на Градската куќа не е инсталирана во истата, ниту е забележан документ дека е продадена.

Ова се документите од кои се гледа дека Шилегов е потписник на договорот со Македонски Телеком вреден над 420.000 евра, за телефонска централа која сега не е во функција, ниту некој знае каде е и што се планира со неа.

420.000 евра пари на скопјани се потрошени за телефонска централа која не е во употреба, ниту некој знае каде е.

Шилегов да излезе и веднаш да одговори каде е телефонската централа и дали се уште е во посед на Град Скопје, доколку не е каде е, колку пари ја продал или ја дал без надомест?

Парите од телефонската централа се попусто потрошени пари, никој не знае каде е и дали е можеби продадена, но и каде се парите ако е продадена. Ова е ист случај како со парите добиени од продажбата на Градската куќа.

12 милиони евра од продажбата на истата никаде ги нема. Никој не знае каде се и на што се потрошени.

Почитувани,

Ова се сомнежи за огромни нерегуларности, за овие и за многу други набавки и плаќања ќе има детална истрага и ревизија по 31-ви октомври, ова е тоа што го плаши Петре Шилегов и СДСМ, и затоа се во паника, затоа навредуваат, малтретираат и шиканираат. Знаат дека по 31-ви октомври нема да можат да крадат и ги фаќа паника. Знаат дека одговорност ќе има, а еве и повторно им потврдуваме, да ќе има одговорност за сите ваши криминали и проневери.

 


Линк од видео материјал: