Панова: Ако Мерко беше припадник на било која друга политичка партија или пак на ВМРО-ДПМНЕ, денес веќе ќе беше во притвор

panova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеничката во македонското Собрание од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова на денешната трибина  во централниот штаб насловена ,,Криминал и корупција”, во рамките на акцијата Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите, посочи дека американската црна листа на која се ставаат лица за кои што САД имаат докази дека се инволвирани во криминал и корупција, за власта предводена од Социјалдемократскиот сојуз и Демократската унија која што се наоѓа на црната листа на македонскиот народ, не им значи ништо.

 


Таа додаде дека конечно, македонските парвосудни органи, треба да почанат да функционираат и да делуваат без да користат двојни стандарди и сите лица за кои постојат основни сомненија за сторени криминални и корупциски дејствија, да дибат спроведени пред лицето на правдата.

 

„За функционери кои се на црната листа на македонскиот народ, ваквата листа на Соединетите Американски Држави не значи ништо и веројатно ќе се обидат за неколку дена да ја затворат оваа тема, како што ги затвараат сите други теми кои што се поврзани со висок криминал и корупција, кој што всушност се случува во редовите на ДУИ и СДСМ. Но, она кое што во суштина би требало да значи една ваква црна листа на САД на една влада која што има искрени аспирации ко Европската Унија, е нешто сосема друго. Веројатно тоа би нзачело дека е дадена една голема задача на правосудниот систем во Република Македонија кој што всушност конечно мора да отпочне да функционира без двојни стандарди“, исткна Панова.

 

Во однос на последниот случај од пред неколку дена каде што висок функционер на ДУИ и нејзин градоначалник на Струга, Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД , Панова изрази убедување дека ако Мерко, веројатно беше припадник на било која друга политичка партија или, пак, ВМРО-ДПМНЕ веројатно до денес веќе ќе беше во притвор.

Додаде дека последниот случај со стришкиот градоначалник Мерко е шамар од нашиот стратешки партнер САД за Демократската унија за интеграција и порака дека и за неговите високи функционери мора да има одговорност.

 

„Ова црна листа е еден шамар за ДУИ, затоа што одговорноста мора да постои. А, одговорни за непостапувањето и затскиравњето на криминалните дејствија на високите функционери на ДУИ се токму инфилтрирани членови во највисоките судски инстанци, и во обвинителството и во судствот на Република Македонија“, рече Панова.

 

Исто така, додаде таа, ако подобро размислиме ќе сватиме дека оваа црна листа и ова објавување на САД е опомена за премиерот Димитар Ковачевски, ако знае да ја прочита, заради тоа што не знаел што се случувало во Струга, а исто така не знае и купувањето на деловни објекти од страна на лица блиски до највисокото раководство на ДУИ, на само 50 метри оддалеченост од Собранието.

 

„Замислете, тој не можел да види што се случува на 150 километри од Скопје, односно не знаел што се случува во Струга, а исто така не зне што се случува и на 50 метри од Собранието. Односно, не знае кога се купува еден огромен деловен објект од страна на внукот на Али Ахмети и се прави дека за тоа, едноставно, тој не е надлежен и не треба да повика никој да излезе со одредени свои видувања и постапувања од страна на надлежните институции. Не виде кога зборувавме и кога држевме пресконференции за купувањето на деловни објекти на улица Македонија, исто така на 50 метри од Собрание, но веројатно е сето тоа со причина. А причината е тој лично, веројатно, да не одговара и неговото пошироко семејство, за скандалите во кои што беа вмешани, оносно корупциските скандали со купувањето земјиште од сопругата, со Пиксел груп и така натаму“, исткна пратеничката Панова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK