Николоски: На средбата со хрватскиот премиер разговаравме за сите актуелни случувања во Македонија


Во рамки на денешната посета на Хрватска остваривме средба со Премиерот на Хрватска, г. Андреј Пленковиќ. Премиерот на Хрватска Пленковиќ е долгогодишен пријател на Република Македонија, а двете сестрински партии ВМРО-ДПМНЕ и хрватска ХДЗ имаат силна соработка во рамки на ЕПП.



На средбата со хрватскиот премиер разговаравме за сите актуелни случувања во Македонија, катастрофалното менаџирање со корона кризата и економската криза како последица на здравствената криза. Македонија се наоѓа во ќорсокак на патот кон ЕУ, економијата тоне, а корупцијата цвета во државава.

Заеднички заклучивме дека соработката помеѓу двете држави треба да се интензивира на повеќе полиња, посебно во делот на размена на искуства, знаење и економија.