Николоски: Македонија нема да добие датум за преговори, можно е само ад-хок тело за мониторинг


Јас се надевам дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори, но во исто време информациите кои што ги добиваме за жал не се толку оптимистични. Бевме во Брисел, баравме да се определи датум за Македонија, јас лично побарав Македонија да не е жртва на Зоран Заев, односно да не е жртва на неуспесите на оваа влада, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за Канал 5 телевизија.

Николоски нагласи дека и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испратил писмо до европските лидери со барање за почеток на преговорите на Република Македонија со Европска Унија, додавајќи дека реформите не се доволни за влез во ЕУ и побара од владата на СДСМ и Заев да не ја манипулираат јавноста туку да ја согледаат реалноста и да работата на истата.

Претседателот на партијата испрати писмо до сите европски лидери со барање за датум, но, она што е јасно и што мора да го потенцираме е дека нивото на реформи во Македонија не е доволно и во овој момент сите информации кои што стигаат до нас е дека нема да имаме чист датум за преговори, односно нема во октомври да се каже дека во декември почнуваат преговорите и во таа насока апел до владата да не создава лажна претстава, мора да се соочиме со вистината и да работиме за истата, изјави тој.

Тој истакна дека европските лидер не гледаат капацитет во владата на Заев и затоа нема да дозволат почеток на преговорите и како што рече Николоски според информациите кои што ги има Република Македонија нема да има датум за почеток на преговорите ниту во декември ниту во март, единствено што ќе добие е формирање на ад-хог тело кое ќе има за цел вршење мониторинг владеење на правото и корупцијата кое може да трае најмногу 2 години.

Како што сега стојат работите Европската унија односно европските лидер не гледаат капацитет во оваа влада за реформи и не сакаат да дозволат оваа влада да отпочне со преговори. Сето друго е манипулација на јавноста, јас го прашав министерот Димитров, а еве прашувам и јавно дали во декември оваа година како што е редот ќе има меѓуресорка конференција или ако не во декември барем во март. По сите сознанија кои што ги имаме ниту во декември ќе има меѓуресорска, ниту во март, преведено ниту во декември ќе почнат преговорите, ниту во март ќе почнат преговорите.

Втората информација која што сакам ексклузивно на Канал 5 да ја споделам е дека условно кажано најдоброто што може Македонија да го очекува со оваа влада е да се формираат тим од претставници на 5 европски институции, 3 од Брисел и 2 од Стразбур кои што ќе треба да вршат мониторинг, владеење на правото и борбата со корупцијата во период од најмалку 1 а најмногу 2 години и после тоа да се даде оценка дали Македонија е спремна да започне преговори. Тоа не е почеток на преговори, тоа практично формирање на ад-хок тело бидејќи е проценето дека оваа влада ниту има волја ниту има капацитет да се избори со корупцијата, потенцираше Николоски.


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]