Николоски до Заев: Не бегај, охрабри се и излези на ТВ соочување, кога сакаш, каде сакаш и во колку часот сакаш


На 15јули мора да се случат промените да ја зачуваме и да ја обновиме Македонија, ова го порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на изборната единица 4 Александар Николоски од средба со жителите на село Миравци во општина Гевгелија.

Николоски, истакна дека тој се кандидира во четвртата изборна единица за заедно со народот на 15 јули да го победат Зоран Заев, односно како што рече Николоски, додека Заев глуми локал патриот нема никаков еден камен ставено во градовите од четвртата изборна единица.

Јас не сакам да глумам локал патриот, тоа не сум бил, не сакам да глумам поголем гевгеличанец од Гевгеличани, поголем струмичанец од Струмичани, поголем кавадарчанец од кавадарчани, ниту поголем прилепчанец од прилепчани, ама знам од еден друг кој што глуми локал патриот, а кој што камен не стави во четвртата изборна единица. Е јас дојдов во четворката заедно со вас да го победиме на 15 јули и да го испратиме на најтемната страница на македонската историја, порача Николоски.

Еден експресен пат почна да се гради од Градско до Прилеп и го застанаа, го јади забот на времето. Со денови ги прашувам да одговорат за тој пат, збор не кажуваат. Вистината е дека изведувачот избега затоа што го уценуваа кого да земе за подизведувач за да прават криминални шеми.

Требаше да се гради автопат од Скопје преку Штип до Струмица, до каде што стигна ВМРО-ДПМНЕ таму застана. Две години бела боја не можеа да намачкаат патот и да го пуштат. А за тука што да ви кажам завршен автопат година дена не го пуштаат, на крај со трубачи дојдоа, свадба си направија, пари лепеа, брука жива за целата држава. Е тоа е оставштината до Зоран Заев, вели Николоски.

Николоски го повика Заев да одговори дали може да го докаже сопствениот капитал и капиталот и богатството на своето семејство, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за испитување на богатството на сите политичари и оние кои што се занимавале со јавен живот во овие 3о години во Македонија.

Од тука сакам за две работи да го повикам прво, во нашата програма Обнова за Македонија имаме многу битен проект, а тоа е испитување на отекло на капитал на сите политичари и оние кои што се занимавале со јавен живот во овие 30 години во Македонија. Да видиме кој како ги заработиле парите, ако може да докаже значи бил чесен, со среќа да му е, но ако не може 70 проценти оданочување и кривична одговорност таму каде што има потреба како во цел нормален свет.

Цела кампања го повикувам да излезе и да каже дали може да го докаже потеклото на сопственото богатство и капитал и потеклото и богатството на неговото семејства, кое што во овие 18 години колку што е вкупно на функција во Македонија, стана најбогато семејство во Македонија и најбогато семејство на Балканот.

Со денови го нема, знаете зошто затоа што одговорот е јасен. Но, да порачам од тука ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 15 тој закон ќе се изгласа во собранието, бегање од тој закон нема и сите ќе бидат проверени од врвот до долу, за да видиме кој работел чесно а кој бил криминалец, вели Николоски.

Николоски, додаде дека Заев бега од телевизиско соочување и го повика уште еднаш да се охрабри и да одбере на која медиум сака и во било кое време да се соочи со него за  да ги презентираат програмите и граѓаните да можат да одберат за која политичка опција да гласаат.

Втора работа една национална телевизија не покани на дуел, на дебата да ги споредиме концептите, аргументите, избега не дојде. Вечерва втора национална телевизија не покани на дебата пак избега пак не дојде. Па да го прашам од што се плаши. На таа дебата треба да кажеме што се направи овие 3 години за четворката, тој да каже, јас ќе кажам што не се направило, на истата дебата тој ќе ја презентира неговата програма , јас да ја презентирам нашата програма. Па вие да одлучите за кого би гласале, дали за него, дали за мене,  дали за СДСМ, дали за ВМРО-ДПМНЕ.

Два пати бега од тв соочување, па да го повикам од тука кога сакаш, на кој сакаш медиум, во колку сакаш часот, повели на дуел да ги споредиме аргументите, да видиме кого луѓето во четвртата изборна единица треба да го поддржат.

Николоски вети покачување на платите, на пензиите на пензионерите, отворање на нови работни места, многу проекти за младите, силен удар на зелената мафија и субвенции за земјоделците.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*