Не може курир да биде виновен за тоа што бандитската власт на Заев владее со судството


За нефункционалноста на системот власта секогаш бара изговори и виновници во други, а не во самите нив. Тоа го покажува и последниот случај со 1500 налози пронајдени во фиока.



Не може курир да биде виновен за тоа што бандитската власт на Заев владее со судството, бидејќи администрацијата, куририте и портирите се само извршители, а вина да нема врвот на  раководителите во една институција. Јасно се знае кој каква улога има во хиерархијата на судовите и обвинителствата и кој има одговорност доколку предметите застаруваат.

Постои случај за физички напад на службено лице со тешки телесни повреди сторен во февруари 2018-та година, а првото рочиште за таков случај да биде закажано на 25.01.2021-ва година, после три години. Тоа е недозволиво и за тоа не може вина да се бара кај портирот или курирот во институцијата. На  крајот на краиштата задоцнетата правда е исто што и немањето на правда или стимулирање на насилниците и криминалците против општеството и чесните граѓани заради ситни интереси или платени судии и обвинители.

Потребни се силни подзаконски акти, правилници и роковници со кои ќе се обезбеди ред и прецизни патеки по кои ќе се постапува според тежината на делото со строги и прецизни рокови и санкции ако истите се пробиени или злоупотребени од судиите или обвинителите.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ