Најкорумпираната власт во Европа кога е фатена во криминал секогаш ветува милијарди евра инвестиции


ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

Штом Заев е фатен во криминал, веднаш почнува со ветување на милијарди инвестиции. Ако се соберат досегашните најави на Заев сигурно има ветено проекти од десетици милијарди, а нема реализирано апсолутно ништо. Народот уште ги памети ветувањата за Фејсбук, Фолксваген, Гугл, 500 километри нов автопат, новите студентски градови и што ли уште не.


 

Како што лажеше годините наназад, така лаже и сега. Ветувањата за 8 милијарди инвестиции се обична лага напишана на хартија, а хартијата може да ги истрпи и лагите на Заев и СДСМ. Но народот веќе не може да го истрпи ваквото потценување на интелигенцијата кое СДСМ го прави.

Народот гледа дека од Заев нема никакви проекти, но има зголемување на долгот за над 2,4 милијарди евра во време на неговата власт и сега долгот е на рекордни 63% од БДП, со тенденција уште да расте.

Народот гледа дека реализацијата на капитални инвестиции е на катастрофално ниско ниво и заклучно со мај месец оваа година остварено е само 22% од планираното.

Народот гледа дека расте сивата економија, евазијата на даноци, криминалот и корупцијата кои ги разјадуваат економијата и стопанството. Впрочем Македонија е најкорумпираната држава во Европа со најкорумпирана влада и тоа е потврдено од меѓународни извори.

Ете затоа никој не верува во лагите на Заев за наводни 8 милијарди евра инвестиции.

4 години власт на Заев, 4 години украден живот.

Доста е!