Најденовска: Младите се резигнирани поради гадостите во политиката, не е европска вредност кога не можат да ги слават хероите во кои веруваат



Има една теза која како млад човек бескрајно ме нервира , а тоа е дека младите не ги интересира политика. Младите ги интересира политика но поради гадостите во политиката тие се резигнирани.  А гадост е кога главните луѓе во државата ќе ги видете како го ограбуваат својот народ со Луј витон чанта полна со пари или кога ќе видите полн авион на млади лица како си заминуваат од државата, вели Стефани Најденовска на денешниот граѓански протест за Гоце Делчев.

Најденовска порача дека Македонија се брани со љубов и работа, а не со луксузирање на власта и искажани празни зборови.

Македонија се брани со љубов и работа а не со службени возила од 8 милиони евра.

Македонија се брани кога наместо празни зборови ќе задржите млади луѓе во државата.

Ова не е само борба за Гоце, ова е борба за секој еден човек кој верува во Гоце, а Гоце е темелот, основата за заедништво врз која е градена и Европската Унија, додаде таа.

Најденовска истакна дека младите сакаат европска Македонија, но како што рече европска Македонија во која нема да биде забрането да си ги славиме своите херои, а Гоце Делчев е токму таков.

Младите ги интересира Европска Македонија ама не онаа во која секоја година лажни преговори за датум, туку земја која ќе прави огромни чекори напред. Европска Македонија во која нема да биде забрането да си ги славиме своите херои, а Гоце Делчев е токму таков. Да испратиме порака дека Европа е нашата иднина а тука треба да не поврзуваат ликови како Делчев кој е европска вредност, испрати порака Најденовска од денешниот граѓански протест.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*