Муцунски: Националните понижувања на власта станаа пракса


Вчера бугарскиот министер за надворешни работи изјави дека бугарските позиции во овој спор се предвидливи и конзистентни. Тоа што е непредвидливо и неконзистентно и нема никаква транспарентност се позициите на Република Македонија.


 

Потребно е граѓаните да знаат за што се преговара, политичката демагогија и флоскулите дека не се преговара за идентитетот и дека не се преговара за историјата  или прашањата поврзани со националните малцинства, или прашањата поврзани со јазикот  сме ги слушале и претходно. Слушавме дека нема да се преземат такви чекори во надворешната политика, но праксата на владата на СДСМ и ДУИ, посебно во тој однос е попустливост и откажување од тоа што се јавни декларирани заложби пред граѓаните на Република Македонија.

Доколку т.н. патоказ инкорпорира позиции кои се прифатливи за нашите граѓани, доколку тој не ги инкорпорира позициите на декларацијата од бугарското Собрание, тогаш веројатно не би требало да има страв од владата да каже за што точно се преговара во овој процес.

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на граѓаните и политички субјекти повикува на одговорност, на се поголема национална свест и да не се дозволи ново национално понижување кое стана пракса. Живееме во држава која е една од најкорумпираните во светот и дефинитивно најкорумпирана во Европа, живееме во држава каде граѓаните секој месец се се посиромашни и држава која е сведок на национални понижувања.

Затоа е овој протест, не само во Скопје туку и во други градови ширум Македонија, и во таа насока ќе продолжиме и следните денови.