Носителката на листата во ИЕ5 и генералната секретарка на Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ Тера, зборувајќи за Програмата на Левица во пресрет на Парламентарните избори, истакна:
„Во однос на Битола морам да кажам, еве, сега гледам дека повторно најавуваат за топлификацијата, па сакам да кажам еден пример од соседството. Во Косово сега брзо имаше одлука за жителите коишто живеат во непосредна близина на термоелектрана, со одлука на државата добиваат бесплатно парно греење, а тука во Битола иако во минатото имало парно, триесет години не може да се изгради таа топловодна мрежа и сега ние што имаме – тоа е ресурс од РЕК ,Битола’. Топлата вода е нус-продукт од работењето на РЕК ,Битола’, која наместо да се користи за парно за битолчани, ние моментално го фрламе како отпад. На ова ќе се надоврзам и дека Косово најавува и одлука за бесплатна струја за сите жители кои што живеат околу термоелектраната“.
Мојсоска додава дека битолчани треба да имаат субвенционирана топлинска и електрична енергија.