Митева: Преку катастрофалното справување со Ковид19 кризата се виде целата неспособност на власта


Во вечерашната емисија на “Радио Лидер,, гостуваше портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Марија Митева која кажа дека преку здравството и катастрофалноот менаџирање со ковид кризата се покажала целата неспособност на власта.


 

– Преку здравството се виде целата неспособност на оваа влада, еве да се навратиме наназад се сеќавате апелиравме и велевме ајде да направиме масовен скрининг на населението да имаме што поголем број на тестирања со што би можеле да утврдиме со каква понатака иден план ќе продолжиме. Напротив имавме многу мал број на тестирања во државните клиники граѓаните одеа во приватните болници таму ги плаќаа тестовите по енормно високи цени, кажа Митева.

Митева истакна дека масовната имунизација е задоцнета и не само што таа неспособност на власта  ја чини државата човечки животи дополнително економијата секојдневно тоне. Митева потенцираше дека актот во кој денеска премиерот Заев се вакцинираше би бил добар потег доколку имало обезбедено вакцини за сите категории на граѓани што не е случај и дека ваккиот акт остава негативен впечаток  поради тоа што огромен број на граѓани кои чекаат а се во најзагрозените групи немаат примено вакцина.

Денеска исто апелираме ајде да имаме масовна имунизација на населението, но како што гледаме вакцини во нашата држава имаме се помалку и помалку.

Денеска видовме премиерот се вакцинираше  и можеби во некое друго време  кога би имало вакцини за населението тоа ќе биде потег да се потикне свеста, но во ова време кога најзагрозените групи од општеството немаат вакцини мислам дека тоа е негативен потег, заврши Митева.