Мисајловски: Залудни се притисоците од Заев и власта, граѓаните ги прочитаа нивните лаги и за тоа ќе ги казнат при првата шанса


Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за моменталната политичката ситуација, блокадите организирани од ВМРО-ДПМНЕ, како и целта на истите во однос на тајните преговори и распродажби од страна на Заев и Бучковски во договорот со Бугарија.


 

Блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира покрај тоа што се со цел да се спречи предавството од страна на Заев и Бучковски, претставуваат и револт од страна на граѓаните поради притисоците, криминалите и уцените од страна на власта кои што се случуваат веќе неколку години наназад, вели Мисајловски.

СДСМ на чело со Заев знае дека граѓаните се крајно револтирани и дека трпението е при крај, токму затоа СДСМ пробува да ги релативизира протестите и да вели дека нема луѓе или пак дека само се прави метеж во сообраќајот, но тие точно знаат дека ваквите блокади само го потврдуваат падот на оваа ненародна власт, додава Мисајловски.

“Власта предводена од Заев мислеше дека нема кој да им застане на патот и дека ќе продолжат да продолжат со криминалите и уцените насекаде низ државата, но сега се уверија дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да отстапи во намерата да се спротивстави на се што ги повредува граѓаните, како и државата. Јасно е дека тие ќе продолжат со притисоци и уцени во безидејноста која што владее кај нив, но тоа граѓаните веќе го гледаат. Не постои медиум кој што ќе може да им го испере срамот за овие неколку години, иако веќе почнале да се соочуваат со медиумите, почнувајќи од ТВ Алфа”, додава Мисајловски.

Нивната неспособност се покажа на многу полиња, меѓу кои здравството и економијата кои за жал го клекнаа општеството поради лошото менаџирање од страна на одговорните. Македонскиот народ на страна од сите политички случувања, навистина посакува нормален и живот на повисоко ниво, а не да преживува од месец во месец барајќи надеж надвор од границите на земјата. Тоа не смееме да го дозволиме и наша одговорност е да ја срушиме оваа ненародна власт, а потоа уште поголема одговорност да ја изградиме Република Македонија од почеток и таа да биде земја на победи и просперитет, заврши Мисајловски.