Мисајловски: Македонија сепак е едно поле каде што фалат многу проекти


Денеска сум во Куманово, веќе во две недели неколку пати доаѓам неколку пати и чест ми е што сум тука и може да се види дека луѓето навистина имаат проблеми и сакаат да си ги кажат.

Различни проблеми, различни мисли, различни проекти се кажуваат, но во принцип има многу работи кои што треба да се направат.

Македонија сепак е едно поле каде што фалат многу проекти. Македонија треба апсолутно да се обнови, има толку работи кои што навистина се направија, но има потреба од толку многу.

ВМРО-ДПМНЕ е бренд на проекти. Ние сакаме да ги слушнеме граѓаните да ни ги кажат овие работи, навистина имаше одлични работи што ќе почнам да ги користам и да ги објаснувам насекаде каде што можам бидејќи само треба внимателно да се разгледаат и да се анализираат затоа што има толку многу работи, различни иницијативи, проекти, но и она што ги тишти граѓаните што се избркани во загубарите тука во Куманово, што не се рестартирани, имаа ветувања што граѓаните навистина се излажани, очекуваат дека утре тоа треба да им се врати бидејќи некогаш очекувале дека тоа ќе се случи бидејќи трета, четврта година тоа нема да го добијат.  И си го бараат, а граѓаните имаат, еден праг на толеранција но тој праг кога ќе се надмине и кога ќе отиде, граѓаните ќе си ја земат контролата во свои раце, народот ќе си ја врати довербата и ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и се ова што го слушаме мора да го реализираме.

Затоа е добро што имаме вакви состаноци, продолжуваме и во наредниот период да доаѓаме тука во Куманово, да разговараме со граѓаните,  ќе имаме и отворен ден на плоштадот, но и еве ја користам вашата телевизија да ги повикам сите граѓани во просториите на комитетот да дојдат бидејќи ќе биде секоја среда отворен.

Но и во другите денови ако има потреба раководството секако ќе се најде на сите граѓани да почнеме да дискутираме со нив, да разговараме,  да направиме една солидна и убава програма каде што секој ќе се прочита утре со неговата идеја, со неговиот проект и се разбира она што може да го издржи државата како проекти, а не само да ветуваме како 600 километри автопат и дека платите не знам со закон ќе ги зголемуваме, а гледаме дека економијата не може да издржи и така натака.


Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните - МИА
Вести

Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 7 јули 2020 () – Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули да ги претстават своите изборни програми пред граѓаните. Кампањата завршува на […]

Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица - МИА
Вести

Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите

Скопје, 7 јули 2020 () – Вкупно 78 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден. Иако бројката е значително помала во однос на претходните недели, сепак надлежните предупредуваат дека есенските денови се […]

Вести

ДСКС ќе одлучува за неколку приговори доставени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Скопје, 7 јули 2020 () – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 32. седница на која ќе разгледа неколку приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата, како што е најавено, ќе разгледа […]