Мицкоски: Со Пленковиќ разговаравме за идните мостови на соработка помеѓу двете пријателски држави

mickovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На маргините на Генералното Собрание на ЦДИ, остварив средба со претседателот на Владата на Република Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во целиот период на развој на македонската демократија и пристапувањето кон евроатлантските организации.


Разговаравме и за идните мостови на соработка помеѓу двете пријателски држави.

Договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за претстојните избори.

Зборувавме за предизвиците на регионот и потешкотиите на патот кон ЕУ на Република Македонија, загрижувачките економски состојби, криминалот и корупцијата како кочничари на тој процес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK