Мицкоски со апел до власта за итна реакција во Кочани


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на својот профил на Фејсбук објави дека се наоѓа во Тркање-Кочанско и оти огнот е над селото.


 

Народот се самоорганизира против страотниот пожар, потребна е помош, ова е жалната слика вечерва. Се даваат натчовечки напори за локализирање на стихијата, напиша Мицкоски.

Тој упати апел до власта за итна реакција.