Мицкоски: Полицискиот час е воведен без анализа, чиста формалност која создаде метеж и ќе влијае на ширење на заразата


Мицкоски: На лидерската средба очекувам разум, трезвеност и свесност за реалната ситуација - МИА

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата на Телевизија 21  посочи дека се носат мерки кои што се непромислени и колку да се каже дека нешто се прави за да се спречи ширењето на заразата. Според него полицискиот час е воведен без анализа и е чиста формалност која создаде метеж во градовите, а имајќи ги во предвид фотографиите на излезите од градовите каде е воведен тридневен карантин истиот ќе го акцелерира ширењето на заразата на Ковид 19.

„Јас ќе се обидам да зборувам аритметички нема да зборувам филозовски, кога носите мерка таа мерка треба да има некаков резултат и вие очекувате од таа мерка некаков резултат, односно да го првенирате ширењето на вирусот и да заштитите што е можно повеќе луѓе да го заштитите здравјето на граѓаните и да се намали бројот на луѓето кои што ќе ги изгубат животите. И што се случи сега? Се ограничија неколку градови меѓу нив главниот град Скопје, сведоци бевме ние денеска на социјалните медиуми и вие претпоставувам медиумите известувавте каков метеж и каква турканица се случуваше на пазарите пред големите хипер маркет, маалските маркети. Луѓето практично создадоа еден таков метеж бидејќи вие не предведено во краток рок воведувате карантин кој што ќе трае од денес до понеделник. И сега прашањето е дали додека се случуваше овој метеж по пазарите по хипер маркетите итн. можеби не се дополнително влоши состојбата. Понатаму вие имате една сериозна група на граѓани кои што денеска го напуштија главниот град и се упатија кон другите градови ширум државата тоа значи дека ако Скопје е главното жарите, тоа многу лесно може да се разсемени по другите градови. Понатаму вие го имате карантинот во Тетово и Боговиње, во Гостивар немате. Јас само сметам дека повторно се носат непланирани мерки без доволно анализа како тие мерки практично ќе имплементираат и сметам дека овие мерки кои тие ги донесоа под притисок практично се мерки кои што само треба да се наречат мерки инаку во пракса сметам дека тие дополнително ќе го акцелираат ширењето на пандемијата и ќе допринесат дополнително да имаме проблеми“, вели Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше принципиелен став и кога беше Велигден и кога беше Рамазан Бајрам и утре кога е Задушница . Кога беше Велигден најголемиот христијански празник јас имав едно видео обраќање  од сопствениот дом во кој што кажав дека го поддржувам протоколот кој тогаш го донесе владата за седење дома . Ако донела владата вие треба да ги следите тие протоколи.И тогаш се случи дел од тие платени ботови по социјалните медиуми да го извадат тоа сосема од контекс и еве го Мицкоски го поддржуваше тоа за Велигден зошто сега вели дека не го поддржува затоа што и тогаш не го поддржував и за Рамазан Бајрам и за утре. Ќе ви кажам дека ние како политичка партија и јас како човек не го поддржувам ова што им се прави на верниците без разлика дали се од христијанска веросиповед  или се од исламска исповест. Требаше да се овозможи да се најде друг начин за да се менаџира целата ситуација“, истакна Мицкоски во своето гостување.

„Луѓето има ја дадоа подршката, им ги дадоа сопствените животи на располагање, им рекоја ве подржуваме што и да правите, ве молиме да се справите со оваа пандемија. Јас навистина се чуствувам понижено од авторитетите кои ја имаа безусловната подршка од граѓаните, а ништо не направија, вели Мицкоски и додаде:

„Народот доследно ја почитуваше секоја мерка која што му беше зададена. Народот безрезервно ги подржуваше, рејтинзите беа по 80 проценти на определени ресурни министри. Ќе ве потсетам како одеја со високо крената глава мислејќи дека ова вечно ке трае. Но народот е мудар, овој народ е мудар и тоа се докажало низ годините. Очекува резултати, он те подржува и се што ќе побараш ќе ти даде, ама потоа доаѓа по своето ако го изневериш“.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]

Втор ден кампања, партиите на средби со граѓани со почитување на мерките на заштита - МИА
Вести

Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право на глас, партиските ветувања и препукувања со засилено темпо

Скопје, 2 јули 2020 () – Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 15 јули. Државната изборна комисија (ДИК) вчера го заклучи Избирачкиот список. Во меѓувреме, кампањата продолжува […]

Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]