Мицкоски на средба со Советот на американски амбасадори: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска со делегација од партијата оствари средба со Советот на американски амбасадори, кои се наоѓаат во посета на земјава.

На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација на Македонија како и македонските евроинтеграции, при што Мицкоски истакнал дека „уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има“.


Мицкоски Совет на американски амбасадори

-Мицкоски потенцира дека местото на Македонија е во Европската Унија, но за Македонија треба да важат истите услови како и за останатите земји членки, односно патот на земјава во ЕУ треба да биде базиран на Копенхашките критериуми и без дополнителни услови, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се заблагодарил на поддршката, што земјава ја добива од САД и посочил дека соработката и во иднина треба да продолжи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK