Мицкоски: Имаме троцифрена бројка заболени од корона, а според Заев треба да почнеме кампања за избори, тоа би било лудило да играме со човечки животи


Мицкоски: Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека и е со среќа - МИА

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 при што посочи дека во оваа ситуација кога се зголемува бројот на новозаразени е малку несериозно да се има избори, бидеќи човечкиот живот и здравјето нема цена.

„Она кое што го слушаме е само повторување како една грамофонска плоча, расипана. 5 јули и точка. Тоа значи дека за 10 дена од денеска вие треба да почнете кампања, от една страна имате троцифрена бројка на заболени, имате вонредна состојба во државата. Се подготвувате во кампања. Ви го нема шефот на мисијата на набљудувачи на ОБСЕ и ОДХР, ги нема оние набљудувачи долгорочни кои први доаѓаат не знаеме дали оние краткорочните ќе бидат во полна мисија и вие велите ќе имаме ние избори. Малку делува несериозно. Вака како што се движиме не се движиме во добра насока. Еве ви кажав, кој е тој што вас ќе ви ги признае тие избори на 5 јули, сите да учествуваме на избори, а притоа нема полн легитимитет набљудувачката мисија и комплетно се промашени сите рокови за набљудувачката мисија. Од друга страна ние немаме протоколи од ресорното министерство за однесување. Кој ќе биде одговорен за прекршувањето на тие протоколи? Повторно ќе праќаме цели ескадрони припадници на МВР да не апсат? Кој ќе биде одговорен за спроведување на кампањските активности што ако некој од учесниците во кампањата заболи од коронавирусот“, прашува Мицкоски.

Според Мицкоски човечкиот живот нема цена и разговорите за датум за избори во ваква една катастрофална ситуација се несериозни.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше принципиелен став и кога беше Велигден и кога беше Рамазан Бајрам и утре кога е Задушница. Кога беше Велигден најголемиот христијански празник јас имав едно видео обраќање  од сопствениот дом во кој што кажав дека го поддржувам протоколот кој тогаш го донесе владата за седење дома. Ако донела владата вие треба да ги следите тие протоколи.И тогаш се случи дел од тие платени ботови по социјалните медиуми да го извадат тоа сосема од контекс и еве го Мицкоски го поддржуваше тоа за Велигден зошто сега вели дека не го поддржува затоа што и тогаш не го поддржував и за Рамазан Бајран и за утре.Ќе ви кажам дека ние како политичка партија и јас како човек не го поддржувам  ова што им се прави на верниците без разлика дали се од христијанска веросиповед  или се од исламска исповест. Требаше да се овозможи да се најде друг начин  за да се менаџира целата ситуација“, истакна Мицкоски во своето гостување.

Мицкоско порача дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија предлагала многу начини во врска со оваа ситуација како таа да се надмине, но за жал тоа беше отфрлено и воопшто не беше  дискутирано.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања - МИА
Вести

Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Атина, 1 јули 2020 () – Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во […]

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица за предвреме почната изборна кампања - МИА
Вести

Право на глас на парламентарните избори на 15 јули ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи

Скопје, 1 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 […]