Мицкоски и претставници на ВМРО-ДПМНЕ гости на Конгресот на ЦДУ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со потпретседателот Александар Николоски и секретарите за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски  учествуваа како гостин на 33-иот Конгрес на ЦДУ кој се одржува од 15-16 јануари.



-ВМРО-ДПМНЕ негува децениско партнерство и соработка со сестринската партија ЦДУ, со која сме членки и на ЕПП, а која од нејзините редови ја даде канцеларката Меркел, која цела деценија го трасира патот на модерна Европа и е еден од гарантите за европскиот развој, безбедност и стабилност, стои во партиското соопштение.

На Конгресот се очекува избор на следен лидер на Партијата кој ќе ја наследи Анегрет Крамп-Карембауер.

Покрај бројните говорници, меѓу другите ќе се обратат канцеларката Ангела Меркел, претседателката на ЦДУ и министер за одбрана на Германија, Анагрет Крамп-Карембауер, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен и потпретседателот на ЕПП и Европратеник Дејвид Мекалистер.

Конгресот е целосно дигитален.

Новиот претседател на ЦДУ ќе биде избран од страна на мнозинството од 1001 Делегати, кои избираа помеѓу Армин Лашет, Фредрих Мерц и Норберт Ротген.

Во вториот круг од гласањето избран е Армин Лашет.

-ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски му честитаат на господинот Армин Лашет и му посакуваат успешна работа, истовремено се надеваат на успешна соработка со ЦДУ и во текот на период што следи се со цел уште позабрзан развој на демократијата и економијата на Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.