Мицкоски: Додека Заев и Филипче се смеат по митинзи, 60 % од хоспитализираните пациенти од КОВИД ни се починати, во развиените земји процентот е 10



ript>

„Луѓе од КОВИД ни умираат највеќе споредено со сите други држави во светот. Над 60 проценти од хоспитализираните КОВИД пациенти во земјава починале, и тоа е највисока стапка на смртност во светот на луѓе кои се лекувале во такви услови“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг.


 

Мицкоски додаде дека во високоразвиените земји само 10 отсто од КОВИД хоспитализираните пациенти завршуваат со смртен исход. Ова покажува дека здравствениот систем е трул.

„Во моментот бројката на починати е 7.000 луѓе, повеќе од 7.000 луѓе, и таа е поголема од 11 градови во Македонија што само ги објаснува катастрофалните последици во нашата земја“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски запраша, а што прават Филипче и Заев како првоповикани.

„Тие одат на митинзи и се кикотат, се смеат. Затоа народот на 31-ви жестоко ќе ги казни“, нагласи Мицкоски.