Манојловски: Пола раководството на СДСМ е инфицирано со корона вирус, а Заев зборува за избори и тера кампања


Почитувани,

Додека во земјите од регионот се говори за опоравување од корона кризата, или за економија, отворање на границите, на Македонија и се случува катастрофа.

Со бројките на новозаболени Македонија оди кон нов пик за кој се говореше дека ќе се случува есенва.

Несомнено големиот број на новоинфицирани со корона вирус и бројката на починати се последица на несоодветното постапување на надлежните и власта.

Владеачката СДСМ во оваа ситуација треба малку и да се рафинира. Партијата станува носител на корона вирусот во државата.

Пола раководството на владеачката СДСМ е инфицирано со корона вирус, а партискиот лидер Заев зборува за избори и тера кампања.

Во целата оваа катастрофална ситуација, ситуација на втор пик во Македонија, Заев објавува фотографии од кампањата на неговите луѓе, објавува фотографии од Лукаревска, Зекири, Манчевски и слично.

Со идејата на Заев да се оди на избори само дополнително ќе се загрози здравјето на граѓаните.

Организирањето на избори во ваква ситуација со толку многу заболени со корона вирус претставува масовно самоубиство.

Заев и власта предводена од СДСМ мора да разберат дека политиката треба да е на страна, и дека треба да се погрижат за здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува на своето – здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Политиката да ја ставиме на страна. Воедно да им порачам на сите македонски граѓани бидејќи државата не се справи соодветно со пандемијава, чувајте си го вашето здравје, одржувајте соодветна дистанца, носете заштитни маски и ракавици, секаде каде што е препорачано, редовно мијте ги и дезинфицирајте ги вашите раце, одржувајте лична хигиена бидејќи корона вирусот не прпеознава нација, партија и етничка припадност.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]