„Македонија-Блокира“: Од синоќа зборот Македонија за Зоран претставуваат кривично дело говор на омраза

„Македонија-Блокира“ најостро ги осудува лагите и заканите на СДСМ во нивното вчерашно соопштение во кое луѓето кои беа синоќа на Сенародниот македонски протест ги нарече маргинални групи и поединци и остатоци од режимот, а што е најстрашно, од СДСМ повторно се заканија со кривични пријави против учесниците на протестот за наводен говор на омраза.

Ова само по себе е скандал од хунтата на власт бидејќи на Сенародниот протест во еден глас сите повикуваа на одбрана на светото македонско име, што значи дека од синоќа за Зоран Заев употребата на името Македонија ќе биде кривично дело говор на омраза.

Исто така, „Македонија-Блокира“ реагира на ноторната лага на СДСМ дека посетеноста била слаба иако пред Собранието имаше голем број присутни за разлика од собирите на СДСМ со т.н НАТО-журки кога СДСМ постави светски рекорд во посетеност во Охрид кога имаше само еден присутен на собирот на СДСМ. Исто така нека повелат од СДСМ да ги покажат фотографиите од нивното блокирање со шатори пред владата кога беа двајца-без тројца.

„Македонија-Блокира“ го повикува СДСМ да престане со нервозните реакции на сеење страв оти процесот е тргнат храбро, решително и во интерес на народот и за околу месец дена ќе го видиме резултатот: или СДСМ ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.

Балкан

Ѕанакопулос: Солун не треба да им врти грб на северните соседи

Денес се стремиме да пратиме порака на демократија, помирување, солидарност и разбирање, а во исто време, на најкатегоричен начин да изјавиме дека Македонија, Солун и Северна Грција не заслужуваат национализам, омраза и нетолеранција, вели портпаролот […]

Балкан

Државна прослава по повод формирањето на Војска на Косово

По денешното усвојување во косовското Собрание на законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во Војска на Косово, во касараната на ФСК „Адем Јашари“ вечерва се одржа церемонија во организација на ФСК […]

Балкан

Ново обвинение против градоначалникот на Загреб

Хрватската Дирекција за борба против корупцијата (УСКОК) поднесе ново обвинение против загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ. Како што пренесуваат хрватските медиуми, станува збор за две нови обвиненија од аферата „Аграм“. Првото е во врска со работата […]

Балкан

Српската листа ќе се жали на Уставен суд за Војската на Косово

Претседтелот на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, Горан Ракиќ, смета дека Приштина, со денешната одлуката досегашните Безбедносни сили (ФСК) да се трансформираат во Војска на Косово, изврши атак врз мирот во Косово и […]

Балкан

Харадинај: И Србија доби партнер во Војската на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по усвојувањето на законите со кои се формира Војската на Косово, изјави дека новата косовска воена формација ќе биде војска на мирот и во служба на сите кои живеат во Косово, […]

Балкан

Србија бара итна седница на СБ на ОН поради формирањето Војска на Косово

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска најави оти Белград ќе побара одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединети нации поради формирањето на Војска на Косово. – Тоа е најдиректна закана по […]

Интересно

Натали Портман против законот што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“

Холивудската актерка од израелско потекло, Натали Портман во интервју за лондонски „Ал Кудс ал Арабија“ го критикуваше донесениот изралски закон што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“, усвоен јули годинава. – Законот е грешка, […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*