Ковачки за референдумот и Пендаровски: Во тек се консулатации за референдумското прашање, Пендаровски е несериозен и менува ставови преку ден, тој самиот придонесе за поделбите во општеството


Жално е што власта по кој знае кој пат прави пародија од најсветиот македонски празник Илинден. Жално е што на овој начин не се најдоа сили да се изврши обединување, туку дополнително раскарување и поделба на народот, вели Драган Ковачки пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за вчерашната прослава на Илинден на Мечкин Камен во вечерашното гостување во емисијата Жешко политичколето на Канал 5 телевизија.

 

 

Ковачки истакна дека на вчерашниот настан имало повеќе полициски службеници отколку граѓани што според него покажува дека власта бега од народот.

Премногу полиција имаше и на Мечкин Камен и во самото Крушево од она што можевме да го видиме, дури имаше и повеќе полиција од народ и факт е дека оваа власт бега од народот и на тој начин се обидува да се одвои од народот, истакна тој.

Во однос на преговарачката рамка, Ковачки нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа преговарачка рамка во која што треба да се дискутира за историја и за постоење на македонскиот јазик, укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е за ЕУ но на достоинствен начин.

Точно е го искинавме предлогот, за нас практично тој предлог е непостоечки и не го прифаќаме тој предлог, посебно делот каде што се зборува за историјата. Во делот каде што сите македонски херои во изминатиот период се бугаризираат, односно знаете дека во протоколот пишува дека дури ќе се става и плочки со натпис на македонски херои дека се бугарски херои. Во делот на негирањето на македонскиот јазик каде што со еднострана изјава од бугарската страна се кажува дека тие не го признаваат македонскиот јазик. Внимавајте не ни го признаваат македонскиот јазик, а власта слави победа. Значи не признаваме преговарачка рамка во која што македонскиот народ ќе биде понижен, и ќе биде уништено достоинството. И токму затоа ние сакам во ЕУ но како горди македонци кои што зборуваат македонски јазик, вели Ковачки.

За ретерирањата од страна на претседателот Стево Пендаровски за одржување на референдум, Ковачки посочи дека Пендаровски е човек кој во неколку дена го менува сопствениот став, за кој што рече дека не заслужува да биде претседател на државата бидејќи самиот тој придонел за раскараност и поделба во македонското општество.

Тој јасно кажа, дури и референдумското прашање излезе од него, за да после тоа го негира. Значи станува збор за човек кој во неколку денови го менува своето мислење во зависност од тоа кој ќе му се јави, во случајот најверојатно од владата на СДСМ и ДУИ го имаат искарано и гледаме дека човекот ретерира. Значи човек кој што според мене не заслужува да биде претседател на државата и допринесе за оваа состојба на раскараност, на поделеност во македонското општество, дециден е Ковачки.

Ковачки потенцираше дека во тек се консултации со интелектуалци и останати политички партии за референдумското прашање, додавајќи дека доколку СДСМ е сигурна во она што го договорила и потпишала со Бугарија тогаш треба да го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на референдум се со цел граѓаните да можат да одлучат.

Што се однесува до референдумското прашање во тек се консултации со интелектуалци, со целокупната македонска јавност и останати политички партии за тоа како треба да изгледа референдумското прашање. СДСМ знаеме дека бега од референдум и од изјаснување на народот, доколку се убедени дека навистина тоа што го договориле и потпишале е исправно, тогаш ајде да одиме на референдум па граѓаните нека одлучат, затоа што граѓаните се тие кои што владеат со државата, изјави Ковачки.