Коментар на денот – Колариќ: Мрзливиот Шилегов после 4 години мандат нема ниту еден проект да се пофали, кога се збореше за загаден воздух, тој си играше игрици, кога имаше полициски час си замина на хациендата во Маврово


Мрзливиот Шилегов после 4 години мандат нема ниту еден проект да се пофали, кога се збореше за загаден воздух, тој си играше игрици, кога имаше полициски час си замина на хациендата во Маврово


 

Неработникот Петре Шилегов потроши цел мандат од 4 години, а нема реализирано ниту 10% од неговата предизборна програма.

Мрзливиот Шилегов ништо не направи. Го нема тунелот под Кале, нема две подземни сообраќајници, ниту пак продолжување на Илинденска. Но затоа руши. Го сруши споменикот на Андон Лазов – Ќосето, и се закануваше дека ќе руши фасади, а сега го гледаме како отстранува галии од Вардар.

Неработникот Шилегов вети чист воздух, а Скопје се гуши во смог. Шилегов ветуваше паркови и зеленило, но Вардариште секој ден гори и шири непријатна миризба во Аеродром и Гази Баба.

Неработникот Шилегов ништо не купи за градот, но затоа ја продаде градската куќа.

4 години ветува нови автобуси, а да не беа тие купени од ВМРО-ДПМНЕ, скопјани уште ќе се возеа со автобуси од 80 тите години.

Неработникот Шилегов се фалеше и со обновување на Универзална сала, за кога дојде на власт целосно да ја заборави, па сакаше да ја руши, па сега повторно вели дека ќе ја обнови. Смешно, но и жално!

Мрзливиот Шилегов преспа 4 години од својот мандат. Додека се расправаше за загадувањето во градот Скопје во Собранието на Република Македонија Шилегов играше игрици на својот телефон,  додека цело Скопје беше затворено поради полициски час, Шилегов побрза во својата луксузна хациенда на брегот на Мавровското езеро да се релаксира, додека скопјани чмаеа во нивните домови.

Неработникот Шилегов ќе биде запаметен од скопјани како најлош градоначалник во историјата на Скопје, како човек кој сруши многу повеќе отколку што изгради!

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=u9tp81qY-U0