Ѓорчев: Македонскиот народ се буди и јасно порачува до Заев дека е најлошиот и најкатастрофален премиер во македонската историја


Вечерва во Централниот дневник на телевизија Алфа свое гостување имаше Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. При своеото гостување посочи дека денес македонскиот народ испраќа порака до Зоран Заев дека нема право да го продава македонскиот идентитет, јазик и историја.



„Пораката е од повеќе јасна, а тоа е дека Зоран Заев нема мандат да го прави сето ова што и го прави на Македонија. Дека Зоран Заев нема поддршка ниту од граѓаните  на Македонија, ниту од Собранието на Република Македонија, ниту на крајот од краиштата од Централниот одбор на СДСМ“, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека македонскиот народ и граѓаните на Македонија се силно одлучни да се спротивстават на срамните и катастрофални политики на Зоран Заев по сите основи.

„Затоа Македонија се буди, Македонија е жива, и мора да упатиме порака и внатре во Македонија, но и кон светот дека ние сме свој на своето, дека сме силно убедени во нашиот македонски идентитет и дека сме приврзани кон оваа наша сакана татковина Македонија“, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека Зоран Заев како премиер на Република Македонија има обврска да го штити македонскиот идентитет, историјата и јазикот.

„Ова што Зоран Заев го прави во континуитет ќе биде запишано во црните и темни страни на македонската историја“, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека потребна е под итно влада на национален спас бидејќи Македонија никогаш не била толку понижена како сега од страна на сегашната влада предводена од Зоран Заев.

„Истовремено имаме најголема смртност на Балканот, секој ден умираат по 30-40 луѓе. Тука каде што зборуваме на 200-300 метри е Воена болница. Таму умираат по 20-30 луѓе дневно. Живееме и дишеме во моментов најзагаден воздух во светот. Не само во Скопје, тука е Куманово, Струмица, Тетово, насекаде. Македонија е најсиромашната држава во Европа. Ништо не се прави во Македонија, а имаме најкорумпирана власт“, потсети Ѓорчев.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ