Филипче потврди дека ВМРО-ДПМНЕ било во право, авансот за кинеските вакцини е вратен


Авансната уплата која министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм е вратена од кинескиот прозиводител.


 

Ова вчера го соопшти ВМРО-ДПМНЕ, а денес го потврди министерството за здравство и Венко Филипче.

Филипче и покрај тоа што ги потврди тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите лаги.

Филипче вели разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја.

Но, кој е најкусиот можен рок никој не знае, не знае ни самиот Филипче.

Филипче велеше наскоро пристигнуваат, по кинеската Нова година ќе пристигнат, но нема ништо од кинеската вакцина.

Јасно е само дека Филипче потврди дека ВМРО-ДПМНЕ било во право, авансот за кинеските вакцини е вратен!

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ