Единствена Македонија: Заев да ја врати лиценцата за бизнис со дрога, марихуната за болните да ја обезбедува државата


Зоран Заев денеска од Виена на отворена сцена се заебаваше со народот изјавувајќи дека набавувањето на дрога од пратеникот Павле Богоевски е негово лично право.

Владеењето на марионетската власта во Скопје се претвора во безаконие, корупција и криминал кога за флагратно кривично дело од пратеник, мариоентата Заев застанува во негова одбрана велејќи дека тоа е негово лично право како се однесува.

Станува се повеќе јасно дека со одбраната на пратеникот Богоевски, марионетата Заев го штити својот бизнис со дрога кој треба со другите бизниси да му носи годишно чиста добивка од 100 милиони евра а кое нешто го призна и самиот Заев во последниот телевизиски дуел со Христијан Мицковски во емисијата „Само вистина“.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да не се затскрива зад алтруистички мотиви со неговиот бизнис со дрога во милиони евра и веднаш да ја врати лиценцата за дрога, а марихуаната за болните да ја обезбедува државата.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија


Вести

Македонското знаме кренато пред седиштето на НАТО во Брисел

– Знамето на Северна Македонија попладнево е кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Знамето беше кренато додека се интонираше химната на […]

Вести

Регистрирани 26 нови случаи на коронавирус, еден починат и девет пациенти излекувани

– Изутрината се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 285 дијагностицирани пациенти. Почина еден пациент, а девет пациенти се излекувани и испишани од болничко лекување, објави на својот фејсбук профил министерот за […]

Бизнис

Бензините поевтини до денар ипол, дизелот поскап за половина денар

– Цените на бензините од полноќ се намалуваат од денар до денар ипол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно […]