Единствена Македонија: Тајната служба се полни со терористите од ОНА а масовно се отстрануваат Македонците – професионалци


Секојдневните информации дека  скоро половината од вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање не ја поминале селекцијата да преминат во новоформирата Агенција за национална безбедност поради неисполнување на општите и посебни законски услови, е најперфидно замајување на јавноста.

Вистината е дека  процесот на селекција на кадри во новоформираната АНБ која ја наследи УБК е всушност само параван за полнење на тајната служба со партиски кадри на СДСМ и ДУИ кои во голем дел се всушност припадниците на терористичката ОНА, со цел, задоволување на потребата од фалсификуваниот попис од 2002 година со кој Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто.

Агенцијата за национална безбедност се полни со терористи од ОНА без вршење на задолжителни безбедносни проверки  а од тајната служба масовно се отстрануваат Македонци – професионалци со децениски работен стаж.

Секојдневните силни написи за суштински реформи во Службата за државна безбедност се едно големо ништо оти во заднина македонската тајна полиција си останува она што беше – служба за гонење на т.н. внатрешни непријатели и политичките неистомисленици.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за вистинска реформа во Службата за државна безбедност со цел да се направи мала, ефикасна и високо оперативна служба за разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата.

 

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

Бизнис

Протест и почеток на штрајк на вработените во прилепски „Еурокомпозит“

Шеесетината вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ повторно се собраа на протест пред фабриката, прекинувајќи ја работата и барајќи си ги своите права. Тие велат дека сѐ уште не ги зеле сите плати за повеќе […]

Вести

Уставните судии утре на колегиум ќе дискутираат за иницијативата по членот 353, став 5 од КЗ

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати за утре закажал колегиум со судиите, на кој детално ќе дискутираат по иницијативата за членот 353, став 5 од Кривичниот законик, а која се однесува за злоупотреба на службената […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат половина денар

Бензините поевтинуваат половина денар од ноќеска на полноќ, а кај  дизелот нема промена на цената, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари за литар, Еуросупер […]