Единствена Македонија: Министерот Спасовски со куп пријави за говор на омраза против Македонци, а молчи за Сулејман Реџепи


Поминаа два дена од скандалозното видео во кое поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи го означува македонскиот народ како див и без идентитет, а од страна на МВР целосен молк.

Го потсетуваме министерот во МВР Оливер Спасовски дека секојдневно поднесува кривични пријави против Македонци за говор на омраза, а нема никаква реакција за скандалозниот говор на Сулејман Реџепи кој фрла тешки навреди спрема цел еден народ.

Припадници на албанското малцинство веќе на отворена сцена не фермаат Устав и закони и продолжуваат со опасни провокации, а МВР сето тоа само немо го посматра со што законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите од марионетската власт во Скопје неизбрани од македонскиот народ, Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите!

 

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]

Вести

„Рекет“ – епизоди со специјално-обвинителски искази и партиски обвинувања

Официјалните активности на Обвинителството за расветлување на случајот „Рекет“ вчера продолжија со исказ на Бурим Рустеми, третиот обвинител од Специјалното јавното обвинителство (СЈО) кој сведочеше за прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која ја води […]