„Бригада Дизајн“ фаворизирана од ФИТР, истата фирма добивала тендери во 2018


ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

Од реакцијата на Фондот за иновации и технолошки развој очигледни и јасни се две работи.

Прво, договорот помеѓу ФИТР и Фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ не е во четири очи и е објавен на тендер на бирото за јавни набавки, но и јасно е дека ФИТР призна дека тендерот го добива фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ во сопственост на советникот во Град Скопје од СДСМ Бојан Ивановиќ.

Второ, останува Фондот за иновации и технолошки развој да одговори како токму фирмата на советникот Ивановиќ, бизнис партнерот на Јани Макрадули во фирмата „Смарт агенда“ го добива овој договор, вреден околу 200 илјади евра? Како токму фирмата на „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ е избрана да го добие овој вреден договор од над 500 компании во Македонија?

Како истата фирма „Бригада Дизајн“ без тендер во четири очи добила две јавни набавки во вредност од над 40 илјади евра во 2018, исто така договор со Фондот за иновации и технолошки развој? Токму и сега фирмата на Ивановиќ повторно добива договор, но овој договор е 5 пати поголем и во вредност од близу 200 илјади евра, но овој пат преку тендер.

Зошто токму оваа фирма ја фаворизира Фондот за иновации и технолошки развој?

Дали партнерство на Ивановиќ во друг бизнис со Јани Макрадули е фактор за избор на фирмата за оваа голема зделка?! Или пак фактот за фаворизирање на фирмата „Бригада Дизајн“ што Бојан Ивановиќ е советник во Град Скопје и близок до Петре Шилегов?!

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Вести

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

– Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок […]

Вести

Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 […]

Бизнис и економија

Нов протест на оштетените од Еуростандард банка

Оштетените од пропаѓањето на Еуростандард банка најавуваат дека ќе одржат втор протестен собир пред зградата, како што наведуваат, „на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат, а тоа е Народната Банка“. Протестот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*