Арсовска: Шилегов не знае ништо освен црна кампања, а тоа е така затоа што за 4 години не направи ништо



ript>

Пред Петре Шилегов да повика на дуел го повикав да се извини за сите навреди, но тој не се одважи да се извини. Кога ќе се извини уште истиот ден ќе имаме дебата, рече Данела Арсовска, независен кандидат  за градоначалник на Скопје на вечерашното гостување на Топ тема што се емитува на телевизија Телма.


 

 

Според неа, она што Шилегов го прави е само црна кампања.

 

„Верувам дека граѓаните ќе знаат да препознаат дека црната кампања е резулат затоа што Шилегов не работел четири години. Очекувам истата, црната кампања ќе биде поизразена во наредните денови“, рече Арсовска посочувајќи дека таа не сака да влегува во дебати во кои тема е црна кампања, туку што треба да се направи за граѓаните.

 

На прашањето како ќе ги убеди жителите во Сарај, Чаир, Центар каде предност има Шилегов, Арсовска вели „Убедена сум ќе препознаат кој што вети и кој тоа што го вети ќе го реализира“.

 

„Низ овие локални избори се докажа дека луѓето знаат да препознаат што е добро, квалитетно. Имав можност да одам таму да разговарам со граѓаните, зборувавме за нивните проблеми. И видовте имам добиено многу гласови. Во Центар разликата е минорна некои околу 500 гласови, во Чаи и Сарај верувајте ќе знаат да ценат, секаде каде бев граѓаните се соочуваат со основни проблеми“, додаде Арсовска.

 

Според неа без разлика на политичката определба на граѓаните им е важно како ќе живеат.

 

„Затоа јас верувам дека тие сакаат да живеат подобро и сакаат тоа што им е ветено да се реализира“, вели Арсовска.