Андоновски: Гоце Делчев е апостол на македонското револуционерно движење и од тоа не смееме да се поместиме


Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за прашањето со Бугарија и посочи дека ова прашање има три апспекти.

Прашањето со Бугарија има три аспекти, едниот е надворешно политичкиот, а тоа  е правото на само определување. Вчера беше денот на Обединетите нации кој што означува дека пред 75 години беше донесена повелбата на ОН која е една од нормите кои што имаат општоприфатено значање се задолжително право е правото на самопределување на еден народ, сам да си ја определи својата политичка организација  но и својот културно-социолошки развиток. Македонците, ние имаме право на сопстеван држава и сопствен јазик, македонскиот јазик. Тоа значи дека не можеме надворешно политички да дозволиме некој од нас да бара да ние се именуваме поразлично од тоа што ние сметаме дека треба да се именуваме.Вториот аспект е бугарската страна, во Бугарија се случуваат внатрешни потреси и подготовка за избори проследени со потреси. Политичираите оттаму криејќи ги своите неуспеси на реален план  отвараат национални и малку фолклорни теми со кои сакат да го избегнат фокусот. И третиот е најзначајниот, македонскиот аспект. Тоа е дека  ВМРО-ДПМНЕ застана на ставот дека Гоце Делчев е македонец во секоја смисла на зборот  и дека македонскиот јазик е македонски јазик кој потекнува од втората половина на 18 век, а е кодициран во четириесет и пета, четириесет шеста за да биде и меѓународно прифатен во седумдесетите години. Вие не можете да зборувате за западнобугарска норма кога ги имате Ѓоргија Пулевски во 1880 кој што ја пишува првата граматика на македонскиот јазик  и еден куп други автори како што се Димитрија Чуповски, Петар Поп Арсов зборуваат за единство на македонецот, за заедништо на македонецот, за ослободување на македонецот, истакна Андоновски.

Тој во своето гостување рече дека за жал ние сме единствена држава во која опозицијата е таа која што повикува на национално единство, власта тера во еден тунел без став и не знае каде ќе излезе односно нема слика затоа што подготвена е да даде се на крајот на преговорите.

 

-Ние не сме подготвени да дадеме се. Во мометов имаме прослави од македонска страна на Гоце Делчев  имаме прослава и од бугарска страна на Гоце Делчев но нема да дозволиме некој да ни се меша во нашето поистоветување, нашето учење на Гоце Делчев, на македонскиот јазик  кој што се македонски, Гоце Делчев е апостол  на македонското револуционерно движење и од тоа не смееме да се поместиме, додаде Андоновски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Бизнис и економија

Сопствениците на возила со странски таблички ќе потпишуваат изјава дека возилото е влезено пред 1 октомври

– Сопствениците на возила со странски таблички ќе треба да дадат изјава дека возилото е влезено во земјава пред 1 октомври за последен пат за да платат помали давачки за регистрација. Министерот за економија Крешник […]

Вести

Ѓоргиев: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

– Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка. Историските контроверзи, недоразбирањата и историографските спорови треба да ги решаваат историчарите, а не политичарите. Комисијата треба да биде оставена да работи без […]

Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*