Нов скандал: Наместо здравство Филипче си гради згради


Министерот за ширење на зараза и смрт, наместо кон здравството се посвети на личната градежна експанзија. По примерот објектот касарната и „Шпанско село 2“ на падините на скопско Водно кој што се уште е оставено за нерешено, Венко Филипче се шири со згради и објекти низ Скопје.

Додека епидемијата непречено се шири, а граѓаните умираат, Венко Филипче стана сосопственик на цела зграда во Козле, општина Карпош, Скопје.

Венко Филипче заедно со уште едно докторско име, Емилија Атанасовска, од Институтот за фармакологија од Универзитетските клиники, на местото на семејна куќа, изградија и станаа сосопственици на цела зграда со вкупна површина од околу 570 м2.

Почитувани,

На имот на Атанасовска, семејна куќа со двор во скопско Козле, Венко Филипче влегува во сосопственички однос, за заедно да бидат соинвеститори во изградба на цела зграда. Притоа за да се затскрие и да го затскрие своето име, Филипче ја овластува својата партнерка, таа да го застапува во правната комуникација со општината и институциите при градбата. Всушност, се поставува прашање дали Венко Филипче е оној градежен инвеститор кој што го финансира градењето?

Почитувани,

Министерот за ширење зарази и смрт, Венко Филипче, го девастираше здравството, а мандатот му мина во скандали со делење тендери на познати, како купување имоти и градење со на цело едно „Шпанско село 2“ на Водно со директори на клиники, доктори и добитници на тендер од речиси седум милиони евра од здравството.

Но, наместо оставка, замена на Филипче и осуда за скандалите, додека здравството тоне, нема стратегија за запирање на епидемијата, мафијата на власт го остава Венко Филипче за министер, а за негов заменик го поставува во министерството за здравство, Илир Хасани односно неговиот докажан партнер, на Венко Филипче од скандалот „Шпанско село 2“. Скандалот и по речиси цела една година нема разрешница ниту од Антикорупциската комисија, ниту од Јавното обвинителство. А, Филипче се уште е министер!

Наместо осуда, мафијата го надградува системот за градежна експанзија на министерот и на неговиот заменик. Наместо здравствен систем има министер и заменик за ширење на зарази и смрт. Наместо здравствен систем се градат приватни згради.

Европа ја зафаќа вториот бран на корона вирусот, а Македонија се уште не може да се справи со првиот бран. Секојдневно растат бројките на заразени и на починати, здравството го тресат скандали, а мафијата на власт се грижи за градежната експанзија на министерот за ширење на зараза и смрт.

Почитувани,

Или мафијата или Македонија? Изборот е Македонија!


Вести

Нови 628 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 531 пациент

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива […]

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК - МИА
Вести

ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

– Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија […]

Вести

Извештај на ИЈЗ: Речиси половина од инфицираните со Ковид од земјава се од Скопје, најголем дел на возраст од 30-39

– Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*