Николовски: Борбата против криминалот и корупцијата е суштинска за да ја кренеме економијата и да ја вратиме довербата на граѓаните


Прес-конференција на вицепремиерот Љупчо Николовски (во живо) - МИА

Скопје, 15 септември 2020 () – Ќе бидам мост помеѓу извршната власт и сите независни регулаторни или тела со изворни надлежности во борбата против корупцијата, криминалот и ставањето ред во самите институции и едно по едно ќе ги решаваме прашањата. Сите чинители во овој сектор може да сметаат на мојата целосната поддршка дека ќе бидам сервис преку мојата нова позиција и дека ќе им бидам силен партнер и од помош на институциите за што побрзо да ги отстраниме сите недоследности, порача денеска вицепремиерот за за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.



– Не може да дозволиме еден софтвер и некоја неповрзаност на институции или техничка работа да бидат пречека и оправдување за нефункционирање на одредена иснтитуција или за немање резултати во борбата против криминалот и корупцијата која е суштинска ако сакаме да ја кренеме економијата и да ја вратиме довербата и на граѓаните и на младите, рече Николовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека требаше 30 години да чекаме да дојде генерација на политичари за, како што рече, да тргнат работите напред, да станеме членка на НАТО и да почнат преговорите со ЕУ.

– Дел сум од таа генерација која не сака да чека и даде поддршка на сите процеси. Кога ги решивме крупните работи за оваа земја и кога ја осигуравме иднината сега на ред е да си ги средиме работите внатре и да ги отстраниме нефункционалностите. Преку оваа координативна улога што ја имам  мислам дека Финансиската полиција, Управата за финанскиско разуанавање, Управата за јавни приходи, Царинската управа и и нспекторатите сериозно ќе го зголемат капацитетот и учинокот во самата работа зашто ќе има некој кој ќе им виси и ќе бара отчет, план за работа, извештаи, постапување и кој ќе ги координира. На тој начин ќе ги зголеми напорите за ефекти на овие институции, рече Николовски.