Николов: Целта на новите мерки е поголема заштита од корона вирусот


Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај обидите за опструкции од ВМРО-ДПМНЕ, ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Со овие измени стапуваат на сила новите мерки што гарантираат повисок степен на заштита од коронавирусот.

Со усвоените измени, задолжително е носење заштитна маска на отворено, а исклучок од оваа мерка се лицата кои активно спортуваат, децата под шест години и лицата со посебни потреби.

Носењето маска не е потребно при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот е забрането. Самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот е задолжителна, а во случај тестот да биде позитивен лицето останува во изолација.

Со новите мерки е уреден и начинот на лекување на лица заболени од ковид во приватни установи.

Истовремено, важат и претходно донесените мерки за носење заштитна маска, шал или марама во јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции и приватни деловни објекти, како и држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

Почитувани,

Есенскиот бран на коронавирусот е во полн налет. Важно е сите да покажеме одговорност пред сопственото и јавното здравје.

Апелирам, сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот. Само на тој начин, заедно можеме да се избориме со коронавирусот и да го заштитиме јавното здравје.

Сашко Николов, пратеник од СДСМ


Вести

ИЈЗ: За 1,8 отсто зголемен бројот на заразени од Ковид-19, за 18,6 отсто зголемен бројот на починати

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од […]

Вести

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

  Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 […]

Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*