Николоски за Независен: Ем крадат ем се неспособни


Колумна на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за порталот Независен

Аферата „Рекет“ е координирана од највисоките кругови на власта, од врвот на СДСМ, и според иницијалните сознанија вкупно се изрекетирани преку 20 милиони евра од бизнисмените.

Деновиве еруптира аферата „Рекет“. Власта се обидува да ја менаџера без да дозволи да бидат опфатени оние што се на врвот на пирамидата на чело со „капо ди тути капи“, но факт е дека на целата јавност ѝ е јасно дека ова е една добро смислена и реализирана операција за изнудување пари од многубројни бизнисмени низ Македонија. Таа е координирана од највисоките кругови на власта од врвот на СДСМ и според иницијалните сознанија од бизнисмените вкупно се изрекетирани преку 20 милиони евра. Дел од овие сознанија веќе се присутни во јавноста, дел веројатно ќе станат достапни како ќе напредува истрагата, но најверојатно најголем дел ќе се објават по промената на Владата и падот на СДСМ и Заев кога обвинителството и судството ќе се ослободат од своите стеги и притисоци, а бизнисмените од заканите да не зборуваат и целата вистина ќе излезе на виделина.

Во меѓувреме, поривот на оваа власт на паѓање да се искраде сè што може во неколкуте месеци што им остануваат како власт е незапирлив. Ваква корумпирана Влада Македонија ниту имала ниту ќе има. Ваков душмански однос на пљачка на народот немале ни најголемите окупатори на Македонија. Филозофијата на Заев и СДСМ сега е да останат уште некој месец на власт за да докрадат тоа што можат. Најеклатантен пример се состојбите во здравството. Таму очигледно намерата е само една. Па, видете го тендерот за нов клинички центар. Без обезбедени средства и без да се знае колку би биле тие се оди на тендер каде што главен критериум со дури 70 поени од можни 100 е квалитет! Најсубјективната категорија за оцена! Категорија која се внесува во Законот за јавни набавки само кога СДСМ е на власт за да имаат законска можност да крадат. Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт единствен критериум беше цената! Така ќе биде и после промената на оваа власт, зашто сè друго е огромен простор за манипулација. Теоретски еден изведувач може да понуди цена од половина милијарда евра ( колку што власта вели дека би чинел центарот) друг изведувач да понуди да речеме за цели 100 милиони пониска цена, но да го добие првиот заради субјективниот критериум квалитет! Тоа е чиста кражба. И, за жал, натаму оди ова со клиничкиот центар да биде криминал на столетието. Или да го видиме тендерот за јавно-приватно партнерство за стерилизација. Да го дадете на јавно-приватно партнерство она што е основа за секоја болница и секоја здравствена установа и кое редовно и добро се извршува е само по себе криминал смислен од криминален ум. Уште кога се објави предупредив во еден мој јавен настап дека се копира моделот од Албанија и дека ќе го добие истиот човек како и во Албанија. И, ете, пред неколку дена, во екот на скандалот со „Рекет“, скоро незабележано помина дека тендерот за стерилизација го доби баш албанскиот граѓанин и фирма за кои предупредувавме. Во тој тендер цената носеше само 40 од можни 100 поени.

Само овие два примера покажуваат колкава е опуштеностa и леснотијата со која влегуваат во криминал владините функционери на ист начин и со иста леснотија со која решиле да се впуштат во безобразен рекет.

Целата колумна можете да ја прочитате на порталот Независен

 


Балкан

Словенечката Влада го претстави т.н. „Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Целта […]

Вести

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

– Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува […]

Вести

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19, наскоро ќе биде поставена монтажна болница со 130 легла

– Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија […]