Николоски: Владата нема реформски капацитет, и она за што Бундестагот не пофали е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ


Менуваат име за да крадат, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија 21 говорејќи за постапките на Владата во делот на реформи и Договорот од Преспа. Тоа, објасни тој, се сведува на следново „Заев и другите владини претставници мислеа дека ако го сменат името ќе им биде дозволено се од надвор, но казнети се“.

-Не можат да мислат така. За Македонија не е добро да има пракса на криминал. И меѓународните претставници се незадоволни од ситуацијата во земјава, рече Николоски. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да почне преговори. Тоа е подобро за кога ќе дојдеме на власт државата да е стигната до некаде, а не да се почнува од нула, рече Николски. Говорејќи за нездоволството од реформите тој го посочи примерот со собраниската дебата во Германија. За Германија да одобри почеток за преговори и Бундестагот треба да даде одлука, но тие денес на сесијата не не’ ни ставија на дневен ред за дебата. Или ако ја гледавте денешнат дебата се велеше дека има голема корупција, нема владењњее на право и слично. Беа пофалени две работи и тоа е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, за затворањето на границата во 2016 во време на ВМРО-ДПМНЕ, второ, за реформата на безбедносните служби, рече Николоски кој објасни „дека реформа на безбедносни служби беше една од ретките работи каде СДСМ не повика да разговараме и во законскиот дел постигнавме реформа, ќе видиме како ќе се спроведува.“ Ова, како што рече Николсоки, значи придонесот на ВМРО-ДПМНЕ за реформи е голем, а дополнителни има и политичка волја за реформи.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]