Николоски: Вистина е дека има хациенда во Тафталиџе, вила во Маврово и скапи коли, треба да реагира Антикорупциска



Па нема што реагира, вистина е, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање, кој е неговиот коментар во однос на одбивањата на Петре Шилегов да ги коментира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за неговата имотна состојба.


 

Му се гледа хациендата во Тафталиџе, таа во Маврово исто така се гледа. Се сеќавате кога Скопје беше во карантин, градоначалникот на Скопје си избега во Маврово, колите се гледаат, имотот се гледа. Така што вистинското е зошто соодветните институции, пред се Антикорупциската комисија не реагира, праша Николоски.